|
Драги гледачки, драги гледачи,
Вие, сите ние, живееме во велико време на оваа Земја. – Во поглед на светскиот спектакл со неговите турбуленции и катастрофи сега по некој зачудено и сомничаво ќе праша: “Велико време? Како тоа?”
Во една низа емисии прахристијаните известуваат за тоа великото, коешто, настрана од збиднувањето на светската сцена, во тишина се гради и се изградува. Оти, ние луѓето се наоѓаме во една пресвртница на времиња која е преод во ерата на Духот, во добата на мир, на единство и на љубов спрема Бога и ближниот.
Темелот
Визијата на единството на човек, природа и животни
Погледнете видео
|  DSL 700kB/s
| 
|  DSL light 250kB/s
| 
| Modem (Download)
|
| 
|
Таа е најавена веќе од пред илјадници години:
Тогаш волкот ќе живее покрај јагнето, пантерот ќе лежи до јарето,
Телето и лавот ќе пасат заедно,
малечко дете ќе ги чува.
Кравата и мечката ќе се спријателат,
нивните млади ќе лежат едно покрај друго.
Лавот ќе јаде слама како говедото.
Бебето ќе си игра пред змиското дувло;
детето ја става својата рака во дупката на змијата.
Оваа голема визија, визијата на Царството на мирот, на единството на човек, природа и животни, ја даде пророкот Исаија пред околу 3000 години. Сега времето е дојдено. Царството на мирот настанува. Тоа е она место за кое Бог преку Исаија рече: Не се врши веќе никакво зло
и не се врши никаков престап
на целиот Мој свет рид;
оти Земјата е исполнета со сознанието
за Господа,
онака како што морето е наполнето со вода.
Преку Исаија Бог им рече на луѓето и: Небото е Мојот трон
а Земјата подножје за Моите нозе.
Во овие денови ние ја доживуваме големата пресвртница на времиња во која Земјата треба не само да биде подножје за нозете Божји, туку Вечниот сака своите нозе да ги стави директно на Земјава. Се покажува она што видовитиот од Патмос го најави за Новиот Ерусалим: Тронот Божји и тој на Неговиот Син доаѓаат од Небото на Земјата.
Новиот Ерусалим е Царството на мирот на Исус Христос, за чие доаѓање христијаните молат во Оченаш веќе 2000 години:
Твоето царство нека дојде! Твојата волја нека се врши!
Прахристијаните од денес во целиот свет сè повеќе и повеќе се устремени кон тоа Божјата волја да ја спроведат во дело за да Настане она што му соодветствува на Неговиот ред, на Неговата волја, на Неговиот свет закон. Во свеста на Вечниот, во свеста на Сè-Животот, кој е и ќе биде вечно, веќе денес тие говорат: Твоето царство доаѓа! Твојата волја се врши!
Бог сака Неговата волја да се врши и Неговото царство да дојде на оваа Земја! Поради тоа денес настанува – преку духовно-пророчката реч - мирољубивата земја, темелот за Царството на мирот на Исус Христос. За тоа известуваме ние во

|